ЕТНО РЕСТОРАН СТАРО БУРЕ 
с. Кучково

Етно ресторанот Старо Буре во Кучково се протега на 6000 м2 и е изграден во традиционален македонски стил кој располага со капацитет од вкупно 520 луѓе, односно 120 места во внатрешниот дел и од 350 до 400 места во надворешниот дел летната градина, која што е уредена во традиционален стил и убаво хортикултурно уредување.

Погоден е за организирање на свадби, веселби, свечености и други слични настани, кои ќе останат во длабоко позитивно сеќавање на гостите. Исто така доколку сакате да ги избегнете и градските гужви и да се опуштите во амбиент од природа, Етно ресторанот Старо Буре е вистинското место за тоа. Се наоѓа на само 10км од центарот на Скопје и работи секој ден, дури и во зима. Сепак препорачуваме пред да дојдете да резервирате присуство на контакт телефонот оставен подолу.

Отворен е на 30.07.2014 година и работи со полн капацитет. Ве покануваме да ги вкусите разните национални специјалитети и скара на ќумур, како и  пиците и пастрмајлиите подготвени во фурна на дрва и специјалитетот на куќата ребро во фурна.

Располагаме со сопствен паркинг со капацитет од 200 возила, Wi Fi слободно за посетителите, професионална услуга и прекрасен амбиент припратен со звуците на староградска музика. 


Телефон за контакт: 078341060

 
 

   

 
 

Овозможено плаќање со картички

 
 

  

 
 

работно време:
понеделник до четврток и недела: од 08:00ч до 00:00ч
петок и сабота: од 08:00ч до 01:00ч