Етно ресторан Старо Буре

Етно ресторанот Старо Буре во Кучково се протега на 6000 м2 и е изграден во традиционален македонски стил со убаво хортикултурно уредување.Отворен е на 30.07.2014 година и работи со полн капацитет работи секој ден,365 денови во годината.

Доколку сакате да ги избегнете и градските гужви и да се опуштите во амбиент од природа, Етно ресторанот Старо Буре е вистинското место за тоа. Се наоѓа на само 10км од центарот на Скопје, а погоден е за организирање на свадби, веселби, свечености и други слични настани, кои ќе останат во длабоко позитивно сеќавање на гостите

Ве покануваме:
-да ги вкусите разните национални специјалитети и скара на ќумур
– пробате пиците и пастрмајлиите подготвени во фурна на дрва
-да не го пропуштите специјалитетот на куќата ребро во фурна
-да ги вкусите разните традиционални рибни специјалитети

Располагаме со:
-капацитет од вкупно 520 луѓе, односно 120 места во внатрешниот дел и од 350 до 400 места во надворешниот дел летната градина
-сопствен паркинг со капацитет од 200 возила
– слободно Wi Fi
– професионална услуга и
– прекрасен амбиент припратен со звуците на староградска музика

Kонтакт:

078 341 060