За Нас

Кој сме ние

ДобредојдовтеКој сме ниеz

Етно ресторанот Старо Буре во Кучково се протега на 6000 м2 и е изграден во традиционален македонски стил кој располага со капацитет од вкупно 520 луѓе, односно 120 места во внатрешниот дел и од 350 до 400 места во надворешниот дел летната градина, која што е уредена во традиционален стил и убаво хортикултурно уредување.

Погоден е за организирање на свадби, веселби, свечености и други слични настани, кои ќе останат во длабоко позитивно сеќавање на гостите. Исто така доколку сакате да ги избегнете и градските гужви и да се опуштите во амбиент од природа, Етно ресторанот Старо Буре е вистинското место за тоа. Се наоѓа на само 10км од центарот на Скопје и работи секој ден, дури и во зима. Сепак препорачуваме пред да дојдете да резервирате присуство на контакт телефонот оставен подолу. Отворен е на 30.07.2014 година и работи со полн капацитет. Ве покануваме да ги вкусите разните национални специјалитети и скара на ќумур, како и пиците и пастрмајлиите подготвени во фурна на дрва и специјалитетот на куќата ребро во фурна.

Располагаме со сопствен паркинг со капацитет од 200 возила, Wi Fi слободно за посетителите, професионална услуга и прекрасен амбиент припратен со звуците на староградска музика.

Базен

Старо буре – Wedding & Pool Events е идеално место за вашите приватни и деловни прослави кое ќе ве остави без здив. На само 10 км од градскиот метеж се наоѓа совршениот спој на интимната природа и модерно опремениот простор со базен кој ги нуди сите услови за современо организирање на прослави според замислата на секој клиент.

Дозволете вашата фантазија да ја претвориме во реалност. Искуството и професионалноста на нашиот тим Ви стои на располагање за да Ви помогне при планирањето на секој детаљ, што ќе придонесе вашата прослава да биде запаметена низ годините.

Свадби

Концерти

Родендени

Прослави

Конвенции